ПОИМ ЗА CLOUD COMPUTING (CC)

Cloud computing како концепт подразбира испорака на ИТ ресурси на одредена оддалеченост преку мрежа, било да е тоа интернет мрежа, приватни или некој друг тип на мрежи.

Целиот концепт произлегува од идејата за изнајмување на ИТ ресурсите како услуги кои потоа би се плаќале на основ на нивното искористување. Да појасниме поедноставно, “компјутерскиот облак” ако го преведеме поимот cloud computing во духот на македонскиот јазик, претставува реализација на идејата за “соединување” на ИТ ресурсите во еден простор, своевиден “магацин” како би можеле понатаму да се изнајмуваат на заинтересираните приватни или бизнис корисници.

Груба аналогија на она што претставува cloud computing би било една голема библиотека како своевидно место каде што се чува огромна литерара која понатаму се издава на оној кој има потреба од таа литература која е во функција на стекнување на одредено знаење.

Само што овде, како што рековме, станува збор за ИТ ресурси.

CC услугата претставува своевидна синрегија која е резултат на взаемно делување на голем број на хардверски компоненти, виртуелна инфраструктура и софистицирани алатки за менаџмент а за нашиот пазар потполно нов начин на испорака на ИТ услуги и софтвер (преку интернет мрежа, што за поширокиот обем на корисници како и за малите фирми, несомнено прва и најинтересна опција ) како и другиот економски модел (плаќање на услугите според обемот на користење на истите) кој овозмозува значајни заштеди на трошоците и прилагодувања.

Унет CC инфраструктурата се состои од врвни компоненти кои гарантираат висока расположливост, безбедност и економичност.

CC услугите се испроачуваат во следните облици:

  • IaaS (infrastructure as a service) – инфраструктурни сервиси ( сервер )

    Концептот претставува компјутерска инфраструктура ( воглавно базирана на виртуелна платформа ) во облик на сервис. Наместо да купувате хардвер, сервери, storage простор, дата центар простор, мрежна опрема, корисникот сето ова може да го користи во форма на виртуелен сервис и да плати според обемот на користење на овие услуги.

  • PaaS (platform as a service) – платформ за развој на софтвер

    Овозможува користење на компјутерски развонји платформи и софтверски системи ( оперативни системи, програмски јазици, бази и web сервер ) како сервиси. Тоа значи дека не е потребно превземање и инсталација на софтверот за проектантот, ИТ менаџерот или крајниот корисник. Со самото тоа нема ни трошоци врзани за купување, инсталација и одржување на софтверски и хардверски ресурси и нивно управување.

  • SaaS (software as a service) – готови софтверски решенија ( аплликации )

    Ова е модел за користење на софтвер кај кој корисниците на нивно барање добиваат лиценци за апликациите кои им се потребни и кои ги користат онолку колку што им се потребни. Ваквиот пристап овозможува оптимално користење на ресурсите и намавуање на трошоците кои би ги имал корисникот за купување на лиценци, инсталирање и обезбедување на хардверски ресурси неопходни за нивно функционирање, но и намалување на трошоците кои би прозлегле од процесот на одржување на сите овие ресурси.

ПРЕДНОСТИ НА УНЕТ CC услуги

  1. Заштеда во инвестициите ( почеток на користење на сервисот без никакви инвестиции )
  2. Обезбедување на дополнителни ресурси во момент на големо оптоварување на корисничката инфраструктура
  3. Ефтини решенија за опоравување во случај на инциденти (податочни незгоди и катастрофи )
  4. Ефтини и сигурни резервни копии на податоците и архивирање
  5. Пристап до сопствените и корпоративните податоци од било која локација во било кое време